Адаптер Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Необични коинциденции или нешто друго?

+4
malina
T&T
Bleak
STIFLER
8 posters

Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by STIFLER Сре Фед 04, 2009 6:31 pm

Коинциденциите се можеби само друго име за некакво забавно поигрување со човечките судбини некаде далеку над облаците.
Ова се некои од најчудните и најнеобичните коинциденции кои и се познати на јавноста.

Крвавата новела станува стварност:
Познатиот писател на хорор романи Едгар Алан По ја напишал приказната
под името 'Приказна за Артур Гордон Пим'. Во неа четворица бродоломци
кои се спасуваат во чамец по неколку дена го убиваат едниот од нив,
момчето Ричард Паркер кое работело на палубата и го јадат. Неколку
години по објавување на крволочната новела се случува вистински
бродолом од кој со чамец успеваат да се спасат четворица бродоломци.
Црната хроника забележала дека тројцата го убиле четвртиот поради
храна. Тоа било момчето од палубата и се викало Ричард Паркер.

Проклетството на автомобилот на Џемс Дин:
Откако овој автомобил бунтовникот без причина го чинел живот, кобното
"порше" продолжило да сее несреќи. Кога бил однесен од местото на
несреќата во автомеханичарска работилница, од него одеднаш испаднал
моторот и му ги смачкал нозете на механичарот. Не многу долго потоа,
автомобилот бил продаден на еден лекар, кој го преправил во тркачки
автомобил и во него набрзо загинал. Работилницата која го зела на
повторна поправка, изгорела во пожар. Автомобилот потоа бил изложен во
Сакраменто, но паднал од стативот и му скршил колк на еден тинејџер.
Конечно во 1959 година автомобилот се распаднал на 11 дела додека мирно
стоел на челични држачи.

Близнаци:
Дека еднојајчаните близнаци имаат слична емоционалност и однесување
веќе е познато, но овој случај оди неколку чекори подалеку. Раздвоени
по раѓањето, близнаците од Охајо биле одгледани во потолно различни
семејства кои без да се познаваат меѓусебно ги нарекле и двајцата
Џејмс. И едниот и другиот Џејмс се запишале во училиште за полицајци и
покажувале исклучителен талент за цртање и дрводелство и двајцата се
ожениле со жени по име Линда. И двајцата имале синови кој ги нарекле
Џејмс Алан. Потоа и двајцата се развеле и повторно се прежениле овојпат
со жени по име Бети. Секој од нив имал куче кое повторно го нарекле
идентично - Тој. Сето ова се случило пред тие воопшто и да се запознаат
на 40-годишна возраст.

Марк Твен и Халеевата комета:
Ова е стара приказна, но сеедно, вреди да се спомене: писателот Марк
Твен е роден на 1835 година, точно на денот кога Халеевата комета се
појавила на небото и починал токму за време на нејзиното повторно
појавување во 1910. година. Една година пред ова, сведоците велат дека
тој изјавил: Дојдов со Халеевата комета и очекувам со неа и да си
заминам".

Куршумот кој ја стигна целта неколку години подоцна:
Хенри Зигланд мислел дека ја надитрил судбината. Во 1883-та година, ја
прекинал врската со својата девојка, која поради преголема болка, се
самоубила. Братот на девојката бил толку гневен, што го пронашол
Зигланд и го застрелал со пиштол. Верувајќи дека го убил, го свртел
пиштолот и се самоубил. Но, Зигланд не бил мртов. Всушност, куршумот
само му го изгребал лицето а потоа се забил во блиското дрво. Поради
тоа, тој се сметал себеси за многу среќен човек. Неколку години
подоцна, Зигланд одлучил да го исече големото дрво, во кое сè уште
стоел куршумот. Не можејќи да се справи со големината на дрвото,
одлучил да го разнесе со динамит. Од експлозијата, куршумот излетал од
дрвото и ја погодил главата на Зигланд, по што тој починал.

Браќа близнаци, убиени на истиот пат, во рок од 2 часа:
Во 2002-ра година, 70-годишните браќа близнаци, погинале во две посебни
сообраќајни несреќи, на истиот пат во северна Финска. Првиот од нив
починал откако возејќи велосипед, на него налетал камион во Раахе, 600
километри северно од Хелсинки. Несреќата се случила на само 1,5
километри од местото каде што загинал неговиот брат. “Ова е историска
коинциденција. Иако оваа улица е прометна, овде несреќи не се случуваат
секој ден. Се наежив кога дознав дека се браќа и тоа идентични
близнаци. Веројатно некој од горе одлучил тоа да биде така”, изјавил
локален полицаец.

Три обиди за самоубиство, сите спречени од ист монах:
Џозеф Аигнер бил познат австриски сликар на портрети во XIX век, кој
бил прилично несреќен човек: неколку пати се обидел да се самоубие.
Првиот пат имал 18 години и пробал да се обеси, но го спречил
мистериозниот монах од редот Капучини. На 22 години повторно сакал да
се обеси, но и овој пат бил спасен од истиот монах. Осум години
подоцна, бил осуден на смрт со бесење поради неговите политички
активности. И повторно, животот му го спасил истиот монах. На 68 години
од својот живот, Аигер конечно извршил успешно самоубиство со пиштол.
Неговата погребна церемонија ја водел истиот монах, чие име Аигер
никогаш не го дознал.

Покер добивка, за незнајниот син:
Во 1858-ма година, Роберт Фалон бил застрелан во знак на одмазда од
луѓето со кои играл покер. Тие тврделе дека Фалон мамејќи добил 600
долари. Бидејќи никој не сакал да седне на баксузното празно столче на
Фалон, покерашите нашле нов играч на кој му ги дале 600-те долари од
Фалон како влог. Пред да пристигне полицијата, новиот играч го
претворил првичниот влог, во добивка од 2.200 долари. Од полицијата
побарале 600-те долари на починатиот Фалон да му бидат дадени на
неговиот најблизок наследник, по што откриле дека новиот играч всушност
му бил син на Фалон, кој не го видел својот татко 7 години.

Роман кој неочекувано го опишува шпионот од соседството:
Кога Норман Маилер почнал да го пишува романот “Варварски брег”, не
планирал во приказната да има и руски шпион. Пишувајќи, неочекувано
создал спореден лик на шпион од Русија во Америка. Како што романот
напредувал, така и шпионот станувал сe подоминантен карактер. Откако ја
завршил книгата, американската агенција за имигранти уапсила еден маж,
кој живеел во истата зграда на Маилер, еден кат подолу. Станувало збор
за полковникот Рудолф Абел, врвен руски шпион кој во тоа време работел
во САД.

Тројца странци во воз, со комплементарни презимиња:
Во 1920-та година, тројца Англичани патувале одвоено со воз низ Перу.
Во моментот кога се запознале, тие биле единствените три патника во
возилото. На нивно огромно изненадување, сфатиле дека едниот се презива
Бингам, другиот Пауел додека третиот имал презиме Бингам-Пауел. Не биле
во никаква роднинска врска.

Во рок од една година, двајца браќа биле убиени од истиот таксист:
Во 1975-та година, додека возел мотор на Бермудите еден маж ненадејно
бил удрен од такси возило, по што починал. Една година подоцна, братот
на погинатиот бил убиен на истиот начин. Всушност, го возел истиот
мотор. За да биде коинциденцијата уште поголема, го удрило истото такси
возило со кое управувал истиот таксист – превезувајќи го истиот патник
од минатиот пат!

Што мислите, дали за се што се случува во вашиот живот мора да е судбина или е чиста случајност?
STIFLER
STIFLER
Чомо
Чомо

Age : 31
Број на мислења : 225

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by Bleak Сре Фед 04, 2009 7:05 pm

STIFLER напиша:Што мислите, дали за се што се случува во вашиот живот мора да е судбина или е чиста случајност?

Мислам дек е судбина море зш ти бираш шо ќе напрајш во еден ден зависит од тебе расположение итн така да судбина је Smile
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 30
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by T&T Сре Фед 04, 2009 9:52 pm

STIFLER напиша:Што мислите, дали за се што се случува во вашиот живот мора да е судбина или е чиста случајност?
Не вервам во судбина, кажав негде по форумов дека вервам во она Човекот е ковач на сопствената судбина,и верувам дека се се случува со причина. Ама не секогаш.. Постоет коинциденции, и самата сум сведок на неколку поврзани со мојата "судбина"...
T&T
T&T
Шмизла со без наводници
Шмизла со без наводници

Age : 31
Број на мислења : 663
Забавен? : е то би требало други да го кажат, иако сама си се сметам за луда и забавна (и нарцис)

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by STIFLER Сре Фед 04, 2009 10:15 pm

Ќе ги кажиш?


Последната промена е направена од kojgode на Сре Фед 04, 2009 10:18 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Пишувај на писмото кое го создал Кирил.)
STIFLER
STIFLER
Чомо
Чомо

Age : 31
Број на мислења : 225

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by malina Сре Фед 04, 2009 11:16 pm

Јас вервам во судбина и мислам дека многу малце од луѓето си ја коваат својата судбина,мислам дека то е нешто спонтано шо самото си идат во одреден момент ко шо викаме ко ќе ни е пишано.Зошто многу работи ми се случиле кои никогаш не сум ги планирала ни за кои ни напамет не ми дошло дека ќе се случет,а се случиле
malina
malina
Адаптериште

Age : 30
Број на мислења : 384
Хоби(работа) : .
Забавен? : понекогаш и зависи за кого

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by корун Сре Фед 04, 2009 11:34 pm

Случкиве ми се ту гуд то би тру, али сепак ак се десиле во прашање е појке од судбина или коинциденција.

_________________
Коза не е, овца е. Шо е?
корун
корун
Форум Фаундер

Age : 29
Број на мислења : 1250
Хоби(работа) : Све
Забавен? : од најпојке појке

http://www.adapterforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by Mary Jane Чет Фед 05, 2009 12:01 am

Некогаш луѓето гледаат случајност и таму кај што ја нема.
Mary Jane
Mary Jane
Адаптериште

Age : 29
Број на мислења : 1161
Хоби(работа) : чашитка
Забавен? : јес, оф секако

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by T&T Чет Фед 05, 2009 2:43 am

Секој со своето мислење дали имат судбина или не, пак ќе речам, се прифаќет различни мислења на форумов..Или не?
Јас не се трудам да наметнам мое
T&T
T&T
Шмизла со без наводници
Шмизла со без наводници

Age : 31
Број на мислења : 663
Забавен? : е то би требало други да го кажат, иако сама си се сметам за луда и забавна (и нарцис)

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by METALBOY Сре Мар 18, 2009 10:16 pm

не се лажите нема коинциденција или среќа се е физика
METALBOY
METALBOY
Адаптериште

Age : 28
Број на мислења : 992
Хоби(работа) : офтопик
Забавен? : Не, забрзан

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by katusch Пет Aвг 07, 2009 9:56 pm

јас не вервам во случајности. а приказнине погоре баш се интересни. и појќе наликвет на судбина отколку на случајност
katusch
katusch
Нострадамус

Age : 30
Број на мислења : 148
Хоби(работа) : спиење

Вратете се на почетокот Go down

Необични коинциденции или нешто друго? Empty Re: Необични коинциденции или нешто друго?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот