Адаптер Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

"Невидени" успеси на Македонската влада!

+3
hollow
Кирил
kojgode
7 posters

Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by kojgode Нед Јан 11, 2009 3:46 pm

Премногу арно не е на арно,рекле старите и погрешиле барем за
Македонската влада која прави рекламни спотови како играни филмови за
тоа колку сме биле на ќар што токму нив сме ги избрале да ни ја водат
државата.Би постирал само мал пример каде се гледаат "успесите" на оваа
влада па се надевам дека ќе пронајдеме и други "невидени успеси" како
овој:

Во наредната 2008 година за купување мебел, опрема, возила и
машини ќе бидат потрошени 5,2 милијарди денари или околу 85 милиони
евра. Годинава за оваа намена во Буџетот беа одделени 3,1 милијарда
денари или 51 милион евра.
Кога беше мандатар за состав на нова влада, Никола Груевски вети дека
министрите во првата година од мандатот ќе се откажат од купување нови
коли и мебел за канцелариите, а заштедените пари ќе се пренасочат кон
економски програми. Но, за нередната година е предложен Буџет во кој
токму оваа ставка е тешка 85 милиони евра.
Само Министерството за култура нема да дава пари за мебел, коли и
опрема. Кај сите други министерства и органи во нивниот состав
издвоените средства се зголемени, некаде и повеќекратно од лани. Во
Министерството за економија ланските 18,2 милиони денари пораснале на
83,5 милиони за 2008. Во Министерството за животна средина и просторно
планирање годинава биле определени 1,2 милиони денари за оваа ставка, а
за наредната - 20,1 милион денари. Во Министерството за транспорт и
врски во 2007 за набавка на мебел, опрема, возила и машини биле
зацртани 2,1 милион денари, а во 2008 повеќе од двојно - 5 милиони
денари.
Во Министерството за земјоделство годинашниве 12,5 милиони денари за
оваа намена ќе се зголемат на 85,8 милиони денари. За споредба, во
истото министерство, за ревитализација на селата ќе бидат потрошени
само 15 милиони денари.
Бирото за развој на образованието годинава за оваа намена одвоило
352.000 денари, но наредната износот ќе биде дури 5,7 милиони денари.
Агенцијата за спорт и млади, годинава за купување мебел и опрема
наменило 300.000 денари, а наредната - 1,5 милиони.
И кај други агенции, по неколку милиони денари е разликата во сумата
што е потрошена од народните пари годинава за ставката купување мебел,
опрема, возила и машини, споредено со наредната година.
kojgode
kojgode
Односи со јавноста

Age : 32
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Кирил Нед Јан 18, 2009 12:53 pm

веке подолго време оваа тема е без коментари. Тоа значи дека оваа вледа нема никаков позначителен успех. Laughing

Кирил
Адаптер во подем

Age : 30
Број на мислења : 37

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by hollow Пон Јан 19, 2009 2:13 pm

Се согласувам со Кирил:D
hollow
hollow
Шуко утикач
Шуко утикач

Age : 32
Број на мислења : 348
Хоби(работа) : Бричење костени

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by pankerishte Чет Јан 22, 2009 3:23 am

Полициска Диктатура али подобро отколку Смрден КОМУНИЗАМ и ренесанса.Мразам лево настроени партии.
Секоја влада си има своја "тежина" - Секоја планина си има своја тежина.

хахахахах

Кој ги ебават владиве.Нека се ебат сите политичари во тоа...знајте каде Smile
pankerishte
pankerishte
Куропецач
Куропецач

Age : 35
Број на мислења : 601
Хоби(работа) : Метење,Чистење Улици
Забавен? : Да

http://www.myspace.com/komunalnahigena

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Фазлија Чет Фед 12, 2009 11:10 pm

Јас не знам какви резултати очекуват народов за подобрување на животот, ко гласат за крајна десница
Фазлија
Фазлија
Солиден Адаптер

Age : 35
Број на мислења : 106

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Bleak Сре Мар 18, 2009 12:54 pm

Според мене мојме да гласаме за кој било... секако сите од ниф ја крает државава... а најубо е ич да не се гласат според мене...
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 33
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Page Пон Апр 20, 2009 12:39 am

За успесите на Владата имам напишано статија, ќе ја имате честа да ја добиете и овде...
Page
Page
Хидролог
Хидролог

Age : 36
Број на мислења : 91
Хоби(работа) : Фрлање камен преку рамо
Забавен? : Ич. Шокирам, носам на имбецилни забави по исплукани улици.

http://silence.heavenforum.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Page Пон Апр 20, 2009 12:40 am

ОСТВАРУВАМЕ!



Две - три години слушам многу различни дефиниции за успешноста на нашата Влада. А многу беа компатибилни. Владата беше опишана како најдобра владеачка структура до сега (од 1948 до ден денешен) и плус беше додадено дека, ако поранешните влади работеа барем малку од она што го одработи денешната, кај ќе и беше крајот на Македонија? - се запрашаа влада – задоволниците.
Ќе се обидам да искоментирам во стилот – дали има трошка вистина во чаршиските тврдења.


Аграрна политика:

А јас не би бил јас, доколку одма не се закачам за аграрот и политиката аграрна на денешните владoдршци, а и на поранешните (ова поранешните, за да не испаднам симпатизер ни на овие, ни на оние).
Ако се погледне некој атлас, наједноставната збирка на карти на светот ( во мое време беше скап да се купи) веднаш нема да може да се воочат некои сличности или разлики меѓу региони или држави. Со мало географско предзнаење (за наши услови читај незнаење) ќе може со голо око да се споредат на пример некои држави со свои стопански карактеристики. Карактеристиките на стопанството ги носат околностите – но дали и кај нас? Нас пуста ни е желбата да се токмиме со некои републики во тоа што се најдобри, а сакаме и ние. Тие имаат услови за тоа, а ние само желба. Сами проценете кој (би) успеал. Ако ми дозволите, ќе ја споредам Македонија со некоја слична на неа (барем површински). Тоа ќе биде Израел. Млада и мала држава како нас. Без голем корист што излегува на море. Има една голема разлика. Барем имаше – голем дел од територијата на Израел беше полу, или целосно пустински. За краток период тие тој ареал го направија плодница, на која може да се одгледува се’ и сешто. Ние сето тоа го имаме, а што правиме? 

И да не биде споредбата само со Израел, оти сепак, знаеме кој е Израел и надвор од своите граници, ќе направам една мала компарација, со некои земји со кои до пред две децении делевме иста граница. Македонија не може и не смее да се споредува со Словенија и Хрватска со некои гранки во стопанството, ниту пак со индустријата, оти тие колку толку ги имаат тие услови. Плус и туризмот во Хрватска. Така тие станаа големи економии со голем паричен обрт. А ние можеме да им се пофалиме со аграрниот потенцијал. Нема споредба меѓу Словенија и Македонија во тоа поле. Македонија би можела да постане лидер на Балканот. Ама како...

Кога мене, студент во изградба, ми е многу јасно каква е аграрната политика на актуелната Влада. Субвенции, субвенции и само субвенции. Ќе речам добро. Ама не е одлично. Ако премиерот има намера да го поттикне аграрот во Македонија а преку тоа да го врати обичниот работник назад во руралната средина, тоа не е прав начин. Ако не ви било јасно, субвенциите што Владата ги дели се наменети за земјоделците кои се актуелни аграрци. Значи ако имаш крава – ево ти пари. Ама што е со тие што сакаат да се вратат в село, а не можат? Зарем е тешко на човек кој би се вратил на својот имот в село да му се додели трактор или друг вид на механизација, или пак добиток или финансиска поткрепа? Според мене, тоа е поттик за земјоделието, а не веќе „обогатените“ аграрни работници дополнително да се стимулираат. Се по ред, барем според мене....

Друга работа. Мора да се работи и на модернизирање на селата. Мора да се преземат мерки за создавање на модерна селска средина во ова ново време. В селата итно е потребно развивање на функционалните карактеристики. Мора да се работи на поврзување на селата со другите населби. Неповрзаноста на селските средини меѓусебе или со градот до сега нека остане само лошо искуство. Мора да се поработи и на инфраструктурата на селата. И се по ред, како што наликува. Оти фактот дека населението во селата е преполовено во последните две-три децении, јасно кажува дека крајот е близу. А забрзаната индустријализација ( на хартија) го забрзува доаѓањето на крајот.

Стимулации за наталитетот:

Во последно време, сите вести ми бегаат, а весник не купувам често. Затоа не знам што се случи најточно со законот кој доби упатница со назнака “Уставен Суд“. Морам да признаам, на мое големо задоволство, очекував тоа и да се случи. Законот беше издржан како и многу други закончиња кои беа донесени во рок од пет минути, а имаа за задача да ги направат будали некои официјални лица од ЕУ. Дали успеаа, пресудете сами, според некои изјави на наши официјални лица, и признавање на некои грешки во врска со донесените закони. Да се вратам јас на овој. Идеата не велам дека беше добра, дури и ја поддржував. Ама мораше, мораше подобро да се осмисли. Како да немаа кадарен човек за тоа. Така изгледа. На крај испадна дека Владата на Македонија ќе го финансира секое семејство кое ќе се реши за принова. Финансиската поткрепа, морам да признаам, беше доволна, и повеќе од тоа. Фер! Ама многу слабо изиграа и згрешија токму овде: Законот важеше само за територијалните единици со негативен или низок природен прираст. Такви региони во Македонија се тие каде што живее најголем процент на чисто етничко Македонско население. И дете од 4то оделение го знае тоа. А така не смееше. Законот од далеку се познаваше дека е националистички, односно да се стимулира зголемувањето на наталитетот на македонската страна и умножување на населението, а преку тоа во иднина да се сеуште бројно доминантен народ на овие простори. Прозирност – изворска вода. Во модерно општество, во една демократска држава како Македонија, закони кои носат етнички поделби и некои видови апартхејд, нормално не се дозволени. Членовите на останатите етнички заедници во државава, оправдано или не, се чувствуваат обесправено, а тоа е доволно за жалби и поплаки. Владата можеше, многу суптилно, преку Македонската православна црква да ги стимулира верниците (Македонци) да се решат за трето дете. Изговорот ќе беше дека црквата се грижи за своите верници и за ширење на религијата преку умножувањето на населението. Финансиите одат преку црквата и крај. Такво нешто, слично применуваат арапите, а колку муслиманската религија се намножи во последните децении – дознајте си сами. Законот мора, и ќе биде паднат. Или ќе биде усвоен, ама за целосната територија на Македонија. За националистите – ево што значи меч со две острици, brought to you by your dear Government. 

[Edit] Во овие моменти ги слушам најновите вести дека законот важи за сите региони на Македонија. Македонци – на здравје!!

Патриотски фискални:

Овде ќе сум краток и јасен. За апаратите кои требаше да напишат (без потреба) што сте пазариле, а беше произведено во Македонија се зборуваше многу. Демек ќе биле ефективни. Хммм... Прво, ги принудија трговците да ги купат фискалните, под закана. А потоа, брзо и ефектно – законот беше избришан како да не постоел, а фискалните повеќе не беа потребни. Браво! 

Бруто плата:

Не знам точно што донесува овај закон, не сум доволно запознаен. Можеби кога ќе се вработам, па ќе треба да ја подигнам платата, ќе ми стане појасно. Ама барем знам дека и овај закон е тотална утка. Барем така зборуваат многумина. Сепак, оти не знам, не ни смеам да коментирам повеќе од тоа, ама можам да кажам дека, во секоја нормална држава, после резилот кој се случи кога за прв пат се примени на дело ова законче, министерот требаше да преземе (барем) дел од одговорноста. Сепак, како и секогаш, некој и нешто друго се криви, а овој пат, тоа беше софтверот.

*******
Page
Page
Хидролог
Хидролог

Age : 36
Број на мислења : 91
Хоби(работа) : Фрлање камен преку рамо
Забавен? : Ич. Шокирам, носам на имбецилни забави по исплукани улици.

http://silence.heavenforum.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Page Пон Апр 20, 2009 12:40 am

****

Финални тестови:

Уште тоа фалеше во нашиот систем на образование. Од стара Југославија, до пред некое време, стариот проверен добар систем мислам дека функционираше. Ама владата сака да ја искорени корупцијата од образованието, па не можеше да најде попаметен начин. Еден од полесните начини беше да се воведат тн. Финални тестови. Тоа за учениците значи голгота. Едно детенце од 4то оделение да го принудиш да ги полага сите предмети во јуни како некој студент е стварно страшно. А и за професорите тоа не е добра вест. Професорот мора да ја погоди правата оценка за ученикот, и таа мора да се совпадне со оценката која ученикот ќе ја добие на завршниот тест. Колку е тоа можно, ни јас не знам. Ама едно знам – владата најде начин да ги избрка од работа барем половина од професорските кадри!

P.S. Не знам што се стори со законот, дали ќе успее или не, ќе видиме!

Swedmilk:

За ова, признавам дека кривицата не е само на Владата, па затоа нема да коментирам премногу. Само еден апел до владеачката гарнитура. 
Прво, немојте да се фалите многу и премногу со инвестиции на милениумот, каква што ја нарековте млекарницата од земјата на Викинштвото.
Второ, ако веќе се фалите, барем преземете ја одговорноста кога инвестицијата на милениумот навистина ќе стане таква, ама промашена!

Ден на дрвото:

Колку добро, толку лошо остварување на идејата. Како прво, секоја чест за креативноста и уште поголемо браво за тоа што се мислеше на иднината на биогеографијата на нашата татковина. Но, секогаш мора да има едно Но! Колку што знам, проектот „засади ја својата иднина“ имаше неколку циклуси. Како што слушам, деновите кога се засадуваше иднината беа залудни. Од засадената иднина ни трага. Едноставно минорен ефект. Од последниот ден, пред некоја недела што беше одржан, очекувам ист резултат. Едноставно нема да успее. А зашто? Епа, како мали деца што откорнале некое цвеќе па го садат кај што ќе стигнат, така и организаторите на проектот беа слични. Во Македонија, постојат повеќе ареали на шумски заедници, повеќе висински простори кои се погодни за различни дрвенести видови. Садниците беа садени кај што ќе се стигнеше, а за законитоста на вегетативниот процес на дрвата на кого му е гајле. Ќе садиме подгорски буки на 400 метри надморска висина - „одличен“ избор. Како второ, секакви дрва на лединки и пасишта, или на присојни страни на падините НЕ се садат. Едно парче стакло кога дрвата ќе израснат според планот, ќе ве убеди во она што ви зборувам. Трето, пошумувањето, во овој период е големо финансиско оптоварување, без кое можеме!


Хартиени ќеси:

На оваа тема имам расправано во многу прилики и неприлика. А самиот закон кој ги забранува најлонските ќеси како производ е неприлика сам по себе. Еден од поголемите бисери на Владата на Република Македонија. А сигурен сум дека, ни тие не знаат која е поентата на закончето. Го најавија и го остварија. Камо сите работи така ефикасно да ги спроведуваа. Ама се запнаа за најлон ќесата, големиот загадувач на околината, и еден од поефикасните начини за умилкување на претставниците на ЕУ. Видете не, се грижиме за животната средина. Ги укинавме најлон ќесите, воведовме хартиени – We are America! – сигурно во сон извикал некој претставник од владателите, но не се разбудил. Сонот за интеграциите трае. Ќе потрае и апатијата на работниците и работничките семејства кои директно зависеа од производството на ваквите пластични облици. 

На премиерот и на секој претставник од Владата, им посакувам уште многу успех, уште многу вакви закони, и да ми се здрави и живи, па во некоја прилика ќе ги честам бурек кој нормално, ќе им го спаковам во хартиена ќеса! Благодарам!

Компјутер за секој ученик:

Оваа тема ќе ја започнам со прашање за кое не чекам одговор! Што му фалеше на образовниот процес во кој компјутер пред секој ученик немаше? Или образовниот процес требаше да биде рефреширан, а најлесно беше преку трула модернизација, односно инсталирање на компјутери кои во најмала рака изгледаат грозно и непотребно. Па и со тоа се каснеше. Компјутерите беа купени две години пред да бидат поставени. А колкава е разликата во цена и моќност меѓу компјутер купен во 2006 и 2008, можете да замислите. Тоа е грешка и на финансиски , и на естетски, и на образовен план. Прво цурак, па поточе, па река, тек на крај се ѕида мосте. А кај нас испадна обратно. Кога врне – од плафонот по школите капе вода. До сега тоа не беше проблем, оти учениците се навикнаа и отрпнаа, ами сега е голем и нерешлив проблем. Водата што капе од плафонот може да го расипи компјутерот. Не е мала работа Smile

На оваа тема би ги надоврзал и ваучерите кои му овозможуваат на секој студент – апсолвент да може да си купи компјутер. За овај проект, Владата од мене добива и плус и минус. Ќе ги оправдам и двата.
Плус, оти е добар проект, добра идеа, убава можност за студент да може бесплатно да си набави компјутер, оти во денешно време, компјутерот е повеќе од потреба! Минус, оти проектот е најмногу политички поен и замачкување на очи. Зошто Владата не обезбеди компјутери за студентите бруцоши? Нив, реално гледано, компјутер најмногу им треба. И јас бев студент прва година и знам колку ми беше потребен. Многу повеќе од моите колеги тогаш, апсолвентите. Друга работа е тоа што сите знаеме дека има многу повеќе студенти кои за прв пат запишааа прва година, отколку што има студенти кои ќе дипломираат. А тоа го знаеше и власта.

****
Page
Page
Хидролог
Хидролог

Age : 36
Број на мислења : 91
Хоби(работа) : Фрлање камен преку рамо
Забавен? : Ич. Шокирам, носам на имбецилни забави по исплукани улици.

http://silence.heavenforum.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Page Пон Апр 20, 2009 12:41 am

****

Македонија го призна Косово:


Една од најболните теми за луѓето со здрав памет и разум во државава. Македонија ја призна независноста на поранешната српска покраина Косово. Но, која беше причината за овој чекор? Зошто да се признае Косово, потенцијалниот прв непријател на Македонија, и најверојатно, во иднина главна закана за суверенитетот и интегритетот на нашата држава? Зошто? И зошто мораше вака и зошто сега? А мислам дека нема многу опции при давањето на одговорот на ова прашање. САД, главните протагонисти за независно Косово, се урнек за Македонија и македонците. Што и да направи или нарача „големиот брат“ Америка – е сосема исправно! Нашата и нивната (трула) политика без разлика на околностите и интересите, мора да се совпаднат. Резултатот не е битен, битен е аплаузот на истрошениот материјал во вид на политичар кој редовно од САД или Еу доаѓа во Македонија. Се што бара Америка, мора да се исполни, инаку нема евроатлантски интеграции ( се виде). И тука сам се прашувам, на што се не е подготвен македонскиот народ, само да се интегрира во големото друштво? Кога го признаа Косово, другото се е лесно. Интересни ми беа луѓево нашите големи патриоти, кога македонската дипломатија држеше status-quo по косовското прашање, беа против признавањето. Никој не сакаше ни да помисли ни да чуе дека Македониај би го признала сега веќе новиот северен сосед. Но, како по дифолт, мислењето се менува од минута во минута, во зависност од расположението на Владата. Одлуката да се признае Косово падна, а тогаш сите оние кои остро против признавањето, го прифатија со восхит. Летаа изјави дека тоа е добар потег, добро решение кое ќе допринесе за стабилност на границата и општа безбедност на регионот. А зашто да не се признае Косово, кога Србија не ни ја признава цркавата?! – со горчина изјавија македонските интелектуалци насекаде низ државата (многу од нив со два вторници школо). Косово ни е пријател, а не Србија!!!
(О, Божеееее)

Компилација на вредни закони и легислативи:

Ова го почував за крај на моето литературно патешествие низ улиците на социо-економијата и политиката на нашата татковина. Оти многу ми се интересни, најискрено! Толку многу одредници кои морат да се почитуваат. Ќе искоментирам за неколку од нив.
А меѓу нив најинтересен ми е законот за градска чистота и хигиена. Не дека сум против законот, до некаде (99%) и јас сметам дека е добар. Ама сигурно не сметам дека е издржан доволно. Казна за тие што ќе фрлат отпадок на улица, отпушок од цигара и слични работи кои ја загадуваат животната средина. Fair enough. И јас сум за. И јас сакам нашите улици и тротоари да заличат на нешто, да не се депонирани мозаици. Но, пристапот кон решавање на овој (не мал) проблем беше многу погрешен. Законот предодредува казна од 3000 денари за прекршителите на овој член од законот за екологија. Како прво, казните се преголеми, можеби владата се носеше по тоа дека кој ќе се изгори еднаш, втор пат нема да чепка во огнот. И тоа е така. Ама многу сурово изгледа во нашето општество. Како второ, лично јас, имам носено отпадок околу 1 километар затоа што немаше соодветна корпа каде што можам да се ослободам од отпадокот. Многу ми е нејасно тоа, се бориме за чиста средина, а нема корпи. А уште полошо, се споредуваме со земјите од ЕУ. Сигурно и таму има 2 -3 скапани контеинери на поголема далечина. Или пак, исто како и кај нас, нема јавни тоалети. Не дај боже да ти потреба кај нас, зафркнат ќе си бидеш скроз. Многу сакам да плукнам на сето ова, ама без да платам 50 евра Smile

За одлуките кои одредуваат казни ако се помине на црвено, или ако не се помине на пешачки премин имам тотално разбирање и ги подржувам во целост. Ама мојата подршка стапува во сила кога ќе се поправат скапаните семафори, или уште полошо, ќе се постават таму каде што воопшто ги нема. Зарем се мода да биде обратно спроведено во државава? Па мора преку трупа да биде се’, мора што побрзо да ги задоволиме Европските стандарди. 
И одма штом го помислам тоа, фрустрациите ми ги размрдуваат мозочните виуги. И веднаш ми текнува на законот за забрана за купување/продавање на алкохол после 19 часот. Да не може да се изначуди човек. На кој начин сакаат да го „спречат“ пијанчењето на малолетниците во парковите низ Македонија? Зарем вака? Или така прават и во Европа? Изгледа...
Законот за оданочување на ергените и момите некако се надоврзува за импресивно дебилниот закон за стимулирање на наталитетот во Македонија. Според ова начело, неженетите од 28 години и немажените од 26 години треба да плаќаат одредена сума како данок поради тоа што сеуште не стапиле во брак. Не знам дали е усвоен, и не знам колкава сума треба да се плати, ама неверојатно глупаво изгледа. Премиерот нека се запраша дали сите ергени имаат услови да се женат на денешницава. Дали воопшто некој може, иако сака да основа семејство!
Тоа е тоа. 



За другите успеси и неуспеси на оние кои го држат тенкиот прстен околу нашиот мозок ќе пишам пак, само да дрмнам една лозова Smile

Пејџ/silenceforum, 1 април 2009
Page
Page
Хидролог
Хидролог

Age : 36
Број на мислења : 91
Хоби(работа) : Фрлање камен преку рамо
Забавен? : Ич. Шокирам, носам на имбецилни забави по исплукани улици.

http://silence.heavenforum.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Bleak Пон Апр 20, 2009 7:18 pm

Бравос Пејџ!!! Во врска со најлонскиве кеси. Како мојме да заработиме некој денар плус?

ЌЕ ГИ "УКИНИМЕ" НАЈЛОНСКИТЕ ЌЕСИ И ЌЕ ГИ ПРОДАВАМЕ ЗА 2,3 НЕКАДЕ ДУРИ И 5 ДЕНАРИ.

Поскапи од мастика ги напраја... страшни работи. Ак се укинвет се укинвет... а не да се продавет. Дали ќе го земиш беспари или ќе го купиш ќесето ти пак ќе го фрлиш на улица(90% од маладинава и општо љуѓево).
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 33
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

"Невидени" успеси на Македонската влада! Empty Re: "Невидени" успеси на Македонската влада!

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот