ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
+6
hollow
REGINA
sokol
Џајко
kojgode
STIFLER
10 posters
Адаптер Форум :: Сајбер дел :: Гејминг
Страна 1 of 1
ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
Еден од
нашите македонски(охридцки ) претставници на овогодинешните регионални
квалификации за KODE5 главниот настан кој се одржува во Москва, Русија
успеа да издвојува победа во големото финале!!! ЧЕСТИТКИ од цела
Македонија!
Тимот на ENTITY предводен од капитенот Јован "KaLaN" Каланоски, успешно
им се спротистави на босанскиот тим eu4ia во големото финале
издвојувајќи победа на двете одиграни мапи. Горди сме на овој најголем
успех на македонски тим кога се во прашање големите настани како што е
и KODE5 финалето во Москва. Честитки уште еднаш и достојно да ја
преставувате нашата држава и гејмингот кој се повеќе и повеќе добива
она вистинското светло. Честитки и до тимот на simpleX и им посакуваме
повеќе успех во следните натпреварувања.
Патот на тимот на ENTITY до финалето....
На овогодинешните регионални
квалификации за KODE5 сите тимови кои беа во трка за освојување на
првото место, беа поделени во 4 групи по 4 тимови, од кои во следниот
етап минуваа само двете првопласирани тимови.
ENTITY беше дел од Групата А заедно
со тимовите на 4gl.KGB, KGG и WFG. Квалификациите ги започнаа со
нерешен резултат 15:15 на de_inferno против тимот на 4gl.KGB. Во
вториот меч тимот на KGG беше поуспешен од нашиот представник со
резултат од 12:16 на de_nuke. Тоа укажуваше дека не останува ништо само
победа во следниот меч за продолжуваењ на натпреварите. ENTITY успеа
да го добие последниот меч од групата против тимот на WFG со резултат
од 16:10 на de_dust2 и се пласира на второто место во Група А.
Од друга страна, тимот на simpleX
беше дел од Групата Ц, во кои броеа тимовите на i.nation, negative и
GM.net+. По одиграните 3 меча, тимот на simpleX успеа да се пласира на
првото место во Групата Ц.
И како по огромна наша среќа во сите
мегународни натпревари, секогаш се среќаваат во следната рунда два
македонски тимови еден против друг, што беше и случај и сега.
Четврфинале ..... ENTITY vs simpleX ... Првата мапа беше de_train
која ја доби ENTITY. Поразениот тим на simpleX за следна мапа ја
одбраа de_nuke на која што обезбедија победа за одржување на финалниот
меч кој се изигра на мапата de_inferno на која што победата ја однесе
тимот на ENTITY. И по одограни 3 мапи тимот на ENTITY успеа да ги
надигра нашите долгогодишни прваци во македонија со резултат од 2:1 и
успеаа да се пласират во полуфиналните натпревари во кој што ги
очекуваше уште еден голем предизвик.
Во полуфиналето се сретнаа со тимот
на neWave. По интересните меча, со победа од 2:0, ENTITY успеа да го
направи својот најголем успех во својата клубска историја, учество во
големото финале за обезбедување на визи за Москва, и борба со големите
светски CS нации!
Во финалето, пред патот за Москва
излезе пречката наречена eu4ia, долгогодишен тим учесник, не само на
босанската и балканската сцена, но и пошироко. Квалитетите на двата
тимови, несомнено се на високо ниво, со што ни даваа дознаење дека ќе
гледаме возбудливо финале со тешка борба од страна на двата тимови,
сепак Москва си е Москва
Финалето беше толку изедначено, што
само нианси делеа од тоа кој ќе биде поуспешен. ENTITY започна со
одлична игра, во која немаше грешки и изиграно со голем елан, која му
обезбеди голема предност. Но тимот на eu4ia успеа пред се со своето
искуство успеа да се врати во мечот со тоа што на самиот крај успеа и
да дојде до водство со 15:14. Последната рунда го решаваше првиот меч,
која му припадна на тимот на ENTITY. Со тоа дојде до можност пак да го
добие мечот во своја полза, и по одиграните продолженија, ENTITY успеа
да победи во првиот меч на мапата de_nuke со резултат од 19:17.
Втората мапа која беше избрана од
страна на поразениот тим е de_train. ENTITY од страна на CT успеа да
стигне до поволен резултат на полувремето со 9:6. Во другото полувреме
тимот на eu4ia, како СТ успеа да го даде максимумот од себе, но
одлучувачка се покажа седмата рунда која им припадна на ENTITY и со тоа
успеа да издвoјува огромна победа над босанскиот тим со резултат од
16:13 и успеа да се пласира за големото финале на KODE5 во Москва.
ЧЕСТИТКИ!!
Тимот кој што ќе го престравува македонскиот гејмиг во Русија е следниот:
- Александар "helius" Киселинов
- Јован "KaLaN" Каланоски
- Ангел "eRRor" Грозданоски
- Ѓоко "aIm1ghty" Лабоски
- Алтај "rdn" Реџеп
Конечниот пласман на екипите на регионалните квалификации за KODE5 се:
- ЕNTITY - Македонија
- eu4ia - Босна
- neWave - Србија
- 4Glory.KGB - Србија
Им посакуваме успех и одлични натпревари на финалниот настан во Москва!!!
И се надевам дека ви се допадна малата презентација/рецензијата.
STIFLER- Чомо
- Age : 34
Број на мислења : 225
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
И Москва сеа све ќе тепет. А ако продолжет вака и на ВЦГ ваму таму ќе одет.
kojgode- Односи со јавноста
- Age : 33
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party
Џајко- addicted to beautiful days
- Age : 33
Број на мислења : 950
Хоби(работа) : flying
Забавен? : можеби
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
честитки браво
sokol- Адаптериште
- Age : 33
Број на мислења : 397
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
Рано е за вцг..kojgode напиша:И Москва сеа све ќе тепет. А ако продолжет вака и на ВЦГ ваму таму ќе одет.
STIFLER- Чомо
- Age : 34
Број на мислења : 225
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
се извинувам шо како женско се мешам во темава ама морам...
нели до лани симплекс беа најјаките бе?
ама искрено ентити го заслужија првоно место.
п.с играм и јас cs не се смејте, и не сум баш аматер ама никој нејкит женско во клан ебааааго хехехехех
нели до лани симплекс беа најјаките бе?
ама искрено ентити го заслужија првоно место.
п.с играм и јас cs не се смејте, и не сум баш аматер ама никој нејкит женско во клан ебааааго хехехехех
REGINA- my way... or no way!
- Age : 33
Број на мислења : 914
Хоби(работа) : Ваѓање луѓе од такт.
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
Simplex беа долго време најјаки ама сеа последниве натпревари Ентити победвит. И плус најјаките од Босна и Србија ги победија заслужија да одет.
kojgode- Односи со јавноста
- Age : 33
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
Браво браво ај со среќа во Москва
hollow- Шуко утикач
- Age : 33
Број на мислења : 348
Хоби(работа) : Бричење костени
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
Да му е еден голем Алал. Петре не те земет тебе за златна резерва?
Golub-Samoubica- Солиден Адаптер
- Age : 33
Број на мислења : 125
Хоби(работа) : Masturbiram pred kompjuter
Забавен? : Uf uste prasvis
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
честито да им ебраво
mitan- Адаптериште
- Age : 33
Број на мислења : 352
Хоби(работа) : spienje
Забавен? : za kogo kako
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
фала за честитките .. и ке ја претставиме Македонија во најдобро светло... ако не е така јас еве хахАхаха
dzole- Адаптер во подем
- Age : 33
Број на мислења : 59
Забавен? : uff
Re: ENTITY победи на регионалните квалификации за KODE5
не се сомневаме во васdzole напиша:фала за честитките .. и ке ја претставиме Македонија во најдобро светло... ако не е така јас еве хахАхаха
zzz- Солиден Адаптер
- Age : 32
Број на мислења : 174
Адаптер Форум :: Сајбер дел :: Гејминг
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
Пет Апр 15, 2011 8:16 pm by Болиглава
» Поезија
Саб Апр 02, 2011 3:07 am by Болиглава
» Гуми 195 60 15
Чет Дек 16, 2010 8:20 pm by tHeJunKy
» Zosto adapter forun pocna da ja gubi svojata popularnost???
Пет Дек 03, 2010 1:31 am by корун
» Купувам петарди
Чет Дек 02, 2010 12:59 am by корун
» Поддршка Џајко да се врати Охрид викендов
Сре Дек 01, 2010 11:40 pm by kirce
» Колку сте убави во моментов?
Сре Дек 01, 2010 11:37 pm by kirce
» Каков мобилен користите во моментов?
Сре Дек 01, 2010 11:30 pm by корун
» Што имате на цтрл+в ?
Сре Дек 01, 2010 11:27 pm by корун