Поезија

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Сре Апр 22, 2009 1:51 am

Школка

Од темнината се плашиш
ангел чувар немаш
од сонцето сигурност земаш
и полека се отвараш.

Го чекаш зракот
да го истера мракот
Да видиш слобода
Да ја почувствуваш морската вода.

Да, стварно како те гледам
и се восхитувам.
Секогаш се збунувам
и се запрашувам...

Школката во себе
бисерот го чува.
А ти во себе
што чуваш?

Дали јас сум
сонце за тебе,
како ти
школка за мене?
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Чет Апр 23, 2009 1:12 am


Говорот на солзите


Поглед фрли ти
убиј ме за момент
смртта да ме земе
кога не можеш ти.

Кажи збор ти
онеми ме за момент
очајот да ме земе
кога не можеш ти.

Дај ми прегратка
ослепи ме за момент
горо зелена земи ме
кога не можеш ти.

Дај ми светлина
само за момент
ти сонце златно
кога не можеш ти.

Кажи ми го мојот пат
покажи ми само за момент
ти солзо бистра и во мене
да згасне последната искра.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Нед Апр 26, 2009 8:40 pm

Туѓ свет

Молскавици паѓаат од небото
молскавици на ужас и очај
Го барам својот крај
И ќе го пронајдам знај.

Тешка е таа задача
да бидеш во толпа луѓе
а така сам, осамен
од никој заштитен

Да има гласна музика
а се да е така празно
мордбидно тивко
очајно и скршено

Да си странец и туѓ
во твојот свет
да се пронајдиш себеси
во туѓ, непознат свет.

Дај ми среќа
фрли ме на патот,
но ти среќа ми зеде
во туѓ свет ме одведе.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Нед Апр 26, 2009 9:12 pm

Прв пат

За прв пат те видов
тебе, ангел на оваа земја
патека на ангелите
рајот го донесе на земјата.

За прв пат сватив
видов нешто што вреди
мисла ми заорби
надеж ми подари.

Те видов пак сама
но јас не можам
ништо да променам
во тебе друг царува.

За прв пат знам
дека треба да се борам
за нешто достојно
нешто посебно.

За прв пат чувствувам
се чувствувам жив
во мојата кожа
со полни гради воздух вдишувам.

Мислев имам нешто
но немам ништо.
Мојата прегратка е празна
без тебе осамена.

За прв пат видов темнина
постана моја празнина
која одвнатре гризе
и тивко ме убива.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пон Апр 27, 2009 11:39 pm

Нож

Еј луда главо моја
бараш душа сродна.
Душа која мисла ти пара
без ништо да побара.

За момент или два
јас ќе дознаам
дека ништо нема вредно
ќе се откријам себеси.

Ветер си ти
облаци како нож параш
несреќата моја ја бараш
а јас знам не можам.

Не можам да погледнам
во очите твои
во острицата на тој нож
почетокот на мојата тага.

Барам ли очај?
Дали да одам до крај?
За момент да бидам твоја жртва,
жртва на твојот нож?
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Чет Апр 30, 2009 1:20 am

Би сакал

Би сакал
само за момент
да ја имам
најсјајната ѕвезда во рака

Би сакал
само за момент
да потонам во сон
на месечината

Би сакал
само за момент
да те имам
во моите прегратки

Би сакал
да дознаев за тебе
дека постоиш
малку порано.

Би сакал
никогаш да не се заљубев
како и секогаш
во својот бол.

Би сакал
никогаш да не се заљубев
во недопирливото
да не се заљубев во тебе.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Саб Мај 02, 2009 1:46 pm

Игла

Зборовите твои
како вештерски магии
одѕвонуваат во моите уши
во мислите мои проклети.

Твојата слика
маѓепсува се во мене
а ти ништо не знаеш
нема ни да дознаеш.

Дрвото осамено
на работ од карпата
тајна ми кажа
под сенката негова.

Таму нема да бидам сам
можам да му кажам
се за тебе
се што знам.

Твојот дух
ми доаѓа во сон
слушам пеење, песна
а нема никаков тон.

Сонот мој
ти го бодиш
како игла свирепа
го бодиш моето срце.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Чет Мај 07, 2009 1:05 am

Кобен допир

Таа рака нежна
се појави
како превез пред очиве
за миг ме воскресна.

Ме носиш далеку
на места непознати
исполнети со звуци морбидни
кои кожа дерат.

Душа ќе ми потресат
и пак знам
по којзнае кој пат
кај тебе ќе ме донесат.

Не, јас не те познавам,
но, те гледам, те чувствувам,
иако никогаш ти не ме допре
јас бладам во сон.

Крволочната моја желба
како крвта моја е врела
те паметам како магливо светло
мојот кобен допир.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пет Мај 08, 2009 12:14 am

Далечен повик

Го слушам гласот твој,
насекаде одѕвонува
или можеби бладам во сон
не помислив ли за момент?

Не не е никаква илузија
не е потсвесна имагинација
како ангел се појави пред мене
ти си како цвет кој никогаш нема да овене.

Гласот твој како виолина магична
ме заспива во лулка,
лулка на ветрот виорен
свирепо ме потресува.

Без размислување ми велиш,
ладно ми кажуваш дека заминуваш.
Без никаков поздрав
како песок пустински ти замина.

Како волк осамен во полната месечина
го барам твојот лик,
го испуштам мојот последен крик,
дали од тебе ќе стигне далечниот повик?
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by METALBOY on Пет Мај 08, 2009 1:04 pm

Aма претера Very Happy

Браво Блажо cheers
METALBOY
METALBOY
Адаптериште

Age : 26
Број на мислења : 992
Хоби(работа) : офтопик
Забавен? : Не, забрзан

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пон Мај 11, 2009 12:58 am

Нема потреба од фаленје металбој...
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Вто Мај 12, 2009 10:54 am

Ноќта во прегратките твои

Таа ноќ темна
од месечината полна
нежно осветлена
со тебе исполнета.

Нежно од зад мене пријде
очи ми прекри како превез
превез на фантазијата
ме облеа нежна топлина.

Таа ноќ прероден бев
на овој суров свет
ти водич постана,
водич на ѕвезда речиси згасната.

Како ѕвезда што паѓа
во ноќта од небото,
така јас паднав
во ноќта в прегратки твои.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Вто Мај 26, 2009 11:45 am

Jад

Не можев да те видам
те видов вчера.
Едноставна и прекрасна
за мене недостижна.

Насмевката твоја ме испраќа далеку
летам каде сакам, но далеку од тебе,
без тебе лутам по небото на моето бунило,
нагризено од мојата мечта и неспокој.

Дали знам Боже, дали сум во право?
Дали ќе направам грешка ако погрешам?
Дали некоја грешка може да е погрешна?
Дали ќе дознаам некогаш?

Во твоите топли прегратки бев.
Топлина во мене зрачеше.
Но, само топлина.
Бакнеж нема, а дали ќе има?

Сфатив сега, тоа е најболно.
Некој можеш да го имаш во прегратки,
секогаш и секаде да те опсипе со неговата насмевка,
но не може да ги чуе твиоте чувства неми.

Те сакам повеќе од се.
Без тебе бладам во сон.
За душата моја најголем глад,
кога тебе те нема, најголемиот јад.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пет Мај 29, 2009 1:28 pm

Најголемото ништо

Се прашувам јас
сам во таа ципа
на мојот исцелител
мојот водач духовен.

Дали вреди да продолжам,
да продолжам да живеам.
Да ме грее сонце сјајно
или да ме покрие земја, трајно?

"Очи бистри, очи паметни
Дали е ова свет кој ве радува,
немам зборови да ви опишам
што чувствувам."

Често се прашувам
пред да заспијам
дали можам да најдам зборови
да ви опишам, барем дел.

Само за момент
да се почувствувам како цел.
Не сум распарчен на малечки делови,
не сум оставен на пустите брегови.

Се лажам ли, или ве лажам?
Нормално, не знам навистина не знам.
Се правам залудно.
Без никаква цел.

Ќе ме сфатиш некогаш?
Нема да ме сфатиш.
Ништото не може да се сфати.
Најголемото ништо.

Кога ќе падне последната ѕвезда,
ќе згаснам и јас,
ќе извикам на цел глас:
"Јас, најголемото ништо!".
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by *UnIqUe* on Пет Мај 29, 2009 6:38 pm

cheers cheers cheers cheers cheers - за Блажоооо Very Happy
*UnIqUe*
*UnIqUe*
Солиден Адаптер

Age : 26
Број на мислења : 244

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Вто Јун 02, 2009 5:28 pm

Пројде денот

Си ветив денес поинаку ќе биде
душата моја во депресија нема да гине.
Си реков денес јас морам
сончевиот ден да го искористам.

Тргнав сам накај најубавото место
кај кое одам многу често, потајно.
Сончевите зраци се преливаа,
на површината езерска.

Отсјај од моите очи упатен кон зраците,
како огледало на езерото беа тие.
Е драги мои, само да можевте да го доживеете моментот
моментот со кој мене ми пројде денот.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Вто Јун 02, 2009 10:05 pm

Години на изолација

Еден убав ден те запознавам тебе,
јас, чија душа како тажен цвет венее.
Одѕвони твојот глас ангелски
затрепери моето срце камено, конечно.

Прекрасно ни беше заедно,
секој ден како проткаен
секоја наша заедничка насмевка
како песна препеана.

Но еден ден те снема,
ни трага ни глас.
Замина некаде далеку,
далеку од мене.

Овенав повторно.
Мојата тага, мој придружник.
Темнината, моја мајка.
Осамената соба, мојата поддршка.

Поминаа дваесет години,
можеби и повеќе.
Добивам неколку писма,
пајажината си ги одброила дните.

Твои беа писмата.
мирисаа на кожата твоја,
на твојата коса
во чиј мирис заспивав.

Тебе те нема повеќе,
само спомените за тебе и писмата
останаа од тебе, длабоко,
длабоко сокриени во мене.

Во мојата осамена соба,
сам со моите солзи,
и твоите писма,
сам во мојата душевна изолација.

Во тие години изминати меѓу луѓе,
а сепак потполно сам.
Кога сите ми викаа: "Дојди со нас...",
а јас не слушав ни глас.

Во тажните времиња на мојот неспокој
кога громовите ме промашуваа
стоејќи со лицето кон небото
потполно мокар од дождот.

Кога не сакаа да ме земат кај тебе,
конечно да навлезам во себе.
Да ја осетам мојата вистинска кожа,
која, како и се ти припаѓа тебе.

Кога морето не ме зеде,
пливајќи во најужасните бранови,
во најтемната вечер,
потполно сам.

И рекол старецот,
кој предвидел се за мене,
уште како малечок во колевка,
ги рекол овие зборови клети:

"Небото ќе му биде покривка,
и најголем непријател земајќи му се.
Небото ќе биде неговата сестрана инспирација,
и причина за годините кои ќе ги измине во изолација.

Ќе остане сам,
без никој покрај себе.
Потполно сам.
Во ноќта бурна.

Ќе остане нем.
Ќе постане слеп.
Небото ќе му ја земе.
Неговата храна душевна.

Неговата причина за живот.
Неговите мисли ќе му заминат.
Солзите ќе му пресушат.
Ќе му го одземе и животот."
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пон Јун 08, 2009 2:47 am

Наназад

Овие два дена беа чудни,
моите очи ги задржаа будни.
Почувствував голема мака,
но не е важно ако нешто се сака.

Успеав во тоа што сакав
иако не вложив
доволно труд и мака.
Но беше навистина посебно.

Музиката ме прошета
низ тунелот на минатото.
Уште кога бев малечок
ми ги врати старите сеќавања.

Ме врати во времето на упорноста,
на болната макотрпност,
која ме донесе овде,
каде што сега сум.

Сега сфаќам колку ова ми значи,
иако моето срце се мачи.
Работи со полна пареа
и зрачи како најсјајно сонце.

Секогаш упорноста се исплатува,
со нашите вложени обиди.
Кога мислиш дека е залудно,
врати се наназад.

Размисли за момент,
низ што се си минувал.
Започнатото се довршува секогаш,
или воопшто не требакло да биде започнато.

----------------------------------------------------------

Посветено за мојата упорност и љубов кон атлетиката...
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пон Јун 08, 2009 5:44 pm

Бидејќи темава не е воопшто посетувана жал ми е да ја полнам само јас... се осеќам ко надуенко ко ќе пишам во темава... и со мојата последна песна се отпишвам од темава... збогум...
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by корун on Пон Јун 08, 2009 6:09 pm

Те читаме Блажо, не сум активен зш не дај боже јас да напишам поезија, тек тоаш немат да е посетувана темава...

_________________
Коза не е, овца е. Шо е?
корун
корун
Форум Фаундер

Age : 27
Број на мислења : 1250
Хоби(работа) : Све
Забавен? : од најпојке појке

Преглед на профилот на членот http://www.adapterforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Болиглава on Пон Јун 08, 2009 6:36 pm

Поезијата
од Блажо
ние ја читаме
те молиме
Блажо не си оди од темава
.

_________________
The sun is the same in the relative way, but you're older...
Болиглава
Болиглава
Администратор
Администратор

Age : 27
Број на мислења : 1166

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Рокси on Пон Јун 08, 2009 7:00 pm

^ охооо хаику Razz

Ајјјј бе блажо, донт леаве ус... Sad
Рокси
Рокси
Нејкам ништо
Нејкам ништо

Age : 25
Број на мислења : 517

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пон Јун 08, 2009 7:39 pm

Абе и да не пишам пак шо, заш шчо ќе ви бидит... Very Happy
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Чет Јун 25, 2009 2:01 am

Нешчо на енглески...

=====================================================

Alice in chains


Sometimes I wish I was different,
not like I am now.
Hidden in my forbidden world,
in the world of the spider's web.

Sometimes I wish not to love you,
I wish not to have strenght to feel this.
I feel I could change the world's opinion for me,
But I couldn't change this feeling for you.

I'm searching for the lost treasure,
the treasure I've lost and I find it in you.
But I don't have the key to get it.

Sometimes I would like to ask the sky:
"And yet I fight, yet I fight this battle all alone,
noone to cry to, no place to call home".
Is it true like my love for you?

I wish your name was Alice,
so i could have you in my chains.
To look in your eyes all day and all night.
But I can't have anything for return.

You're something precious, unreal,
you're just like Alice in chains,
but totally robbed by another lover,
who deserve your love.

Am I deserving your love?

-------------------------------------

Насловоф посветен за сите шо ги љубет Alice in Chains...

а песнава посветена за едно девојче. Толку едноставно, а бесконечно убаво.
Лајк Брус сингс: Infinity it's hard to comprehend... Sad
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Bleak on Пет Јун 26, 2009 12:43 pm

Инспириран од синоќешната прошетка...

------------------------------------------------------

Opeth

This lonely night
I'm walking beside the lake,
the waves are haunting me,
throwing me into the depth of madness.

Just try to wash the tears away,
coming up inside my eyes,
to see the future in brightness,
to avoid the confussion around me.

Trying to find a peace of mind,
like the last insect on the earth.
Trying to stay strong,
like the last lief on the tree in autmn.

Winter comes in this city of loneliness,
the snow is covering my heart of ice.
Don't be afraid, my dear, open your eyes,
and you'll see it soon,
Opeth, The City of the Moon.
Bleak
Bleak
Заљубениот поет
Заљубениот поет

Age : 28
Број на мислења : 1235
Хоби(работа) : Свирење гитара, слушање музика, пишење песни, компонирање, атлетика тренинг ау и така... :)
Забавен? : Никогаш не сум успеал да израчунам колку 'ногу

Преглед на профилот на членот http://opeth-forever.hi5.com

Вратете се на почетокот Go down

Поезија - Page 6 Empty Re: Поезија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот