Финансиската криза ги заобиколи гејмерите

Go down

Финансиската криза ги заобиколи гејмерите Empty Финансиската криза ги заобиколи гејмерите

Пишување by STIFLER on Чет Јан 22, 2009 1:53 am

Кризата и слабеењето на ИТ индустријата очигледно не ги зафати
гејмерите и гејмерската индустрија. Во декември минатата година оваа
индустрија во САД забележа 9 отсто пораст, придонесувајќи годишниот
пораст да се искачи на 19 отсто, се вели во истражувањето NDP Group.

Финансиската криза ги заобиколи гејмерите Nintendo_wii_games
Според извештаите на групацијата, само во декември минатата година
оваа индустрија бележи профит од над пет милијарди американски долари,
што е првпат овој пазар да ја пробие бариерата од пет милијарди за само
еден месец.

Во текот на целата 2008, така и во декември
најголема продажба оствари Nintendo кој продаде 2,15 милиони Wii и 3.04
милиони Dual Screen конзоли, а следни на листата се Microsoft со
продадени 1,44 милиони Xbox 360. Последни се Sony со продадени 726
илјади примероци на новиот PlayStation, 410 илјади продадени
PlayStation 2 и нешто помалку од милион продадени PlayStation Portable.



Финансиската криза ги заобиколи гејмерите Sony-ps3-nintendo-wii-u
Што се однесува до Европа, на овој пазар во 2008 година се продадени
8,3 милиони Wii и 11,3 милиони DS. Од Nintendo велат дека 55 отсто од
вкупно продадениот хардвер од новата генерација отпаѓа на нивната
конзола, додека од пазарот на рачните конзоли 72 отсто.
Од NDP велат дека ова е прв пат продажбата на некоја конзола, во
овој случај Nintendo DS, за еден месец да забележи повеќе од три
милиони продадени примероци.
STIFLER
STIFLER
Чомо
Чомо

Age : 28
Број на мислења : 225

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот