Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009

Go down

Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 Empty Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009

Пишување by STIFLER on Пет Јан 16, 2009 2:15 pm

Уште за време на првиот ден од саемот, гигантската фирма Logitech,
најави неколку нови периферни уреди, кои ќе бидат главно применети за
гејминг. Ќе се запознаеме со нив, по ред, започнувајќе од G35 Surround
слушалките.



Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 1




Кога ќе бидат достапни во Март, Logitech G35 Surround слушалките ќе
чинат приближно $130 долари. Вклучуваат приспособлив микрофон, способен
да ја изостави вревата од околу, пренесувајќи го само гласот кој се
наоѓа најблиску до нив (иако не се први слушалки со ова достигнување).
Освен тоа, на левата страна се застапени три копченца наменети за нешто
што Logitech на својата прес конференција го нарече "voice morphing".
Се работи за опција со која микрофонот му додава најразлични ефекти на
Вашиот глас. Од компанијата ветуваат дека Вашите другари од гилдата на
World Of Warcraft, кои ќе ве слушаат, ќе ве тераат постојано да ги
користите ефектите. Се на се интересно, но и релативно скапо.



Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 2























На ред доаѓа новата гејминг тастатура која се очекува да излезе
оваа година, Logitech G19. Нејзиниот претходник Logitech G15 со
сигурност задоволи многу гејмери. Освен ако не живеете под карпа,
сигурно имате слушнато за овој модел. Вклучуваше LCD дисплеј на кој
можеше да се ставаат слики и видео клипови, како додатни помагала за
време на играње. Малото екранче е со 320x240 резолуција.
















Сепак, Logitech бара прилично многу за G19: $199 кога ќе започне да
се продава во Март. Тоа е повеќе од дуплираната цена на сегашната G15
тастатура, која е само 80 долари. Ќе вклучува можност за избор на која
боја корисникот сака копчињата да светат и ќе биде приспособена за USB
2.0 влез. Како и да е, не верувам дека овие опции ќе задоволуваат
доволно за толкаво кревање на цената. Сметам дека најрационална цена би
била $149.



Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 3

За крај, доколку изгубивте сон со помислата дека ласерските
мауси го достигнаа највисокото ниво на dpi со 4000, земете здив. Новото
чедо на Logitech, G9x дефинитивно ја пројде "четириилјадарката", со
5,000dpi. Во другите работи, релативно е ист со неговиот претходник G9,
излегува во Април, по сегашна најавена цена од $99.
STIFLER
STIFLER
Чомо
Чомо

Age : 28
Број на мислења : 225

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 Empty Re: Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009

Пишување by kojgode on Пет Јан 16, 2009 5:34 pm

Старите добри Logitech појќе ми се свиѓаја овие ептен ми се роботски со 100102 копчиња за џабе и сличнми глупости. А и ретко кој од познативе гејмери користит вакви уреди.

_________________
Imagination is more important than knowledge.
kojgode
kojgode
Односи со јавноста

Age : 28
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 Empty Re: Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009

Пишување by hollow on Чет Јан 22, 2009 6:13 pm

Иам G5 и мислам џабе пари фрлив за играње само mx518
hollow
hollow
Шуко утикач
Шуко утикач

Age : 28
Број на мислења : 348
Хоби(работа) : Бричење костени

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009 Empty Re: Logitech најавува нови гејминг уреди за 2009

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот