Креденда

Go down

Креденда Empty Креденда

Пишување by kojgode on Пет Јан 16, 2009 3:25 am

Текст со средна големина, превземен од книгата на Ог Мандино, Дар на ѕвездата Акабар. Прилично поучно текст, мал дел од вас ќе го прочитет можда и ќе научет нешто или ке речет шо се кењат овај, а останатите ќе речет среден текст е (помало од голем) не го читам и ќе стегнет back или на табот адаптер форум. И да не должам должам многу ево го текстот.
КРЕДЕНДА
Сврти се кон толпата луѓе и нивните јалови потраги по слава и злато. Никогаш не се врти откако ќе ја затвориш вратата на бедното безумие на алчноста и неморал. Избриши ги солзите на неуспех и зла судбина. Одложи го твојот тежок товар и одмори додека срцето да ти се смири. Биди во мир. Веќе е навистина доцна, повеќе одколку што мислиш, бидејќи овој твој земски живот, во најдобро, е само трепет меѓу двете вечности. Биди неустрашив. Ништо тука не може да ти наштети освен на тебе самиот. Прави го она од што се вџашуваш и со гордост уживај во тие победи. Сосредоточи ја твојата сила. Да се биде секаде, значи да се биде никаде. Биди љубоморен на твоето време, бидејќи тоа е твоето најголемо богатство. Разгледај ги внимателно своите цели Пред да посакаш премногу, преиспитај се колку се среќни оние кои веќе го поседуваат она за што копнееш. Сакај го своето семејство и знај, поради толку работи треба да бидеш благодарен. Размисли за тоа колку само ќе ти недостига ако ги немаш. Остави ги невозможните соништа и доврши ги сите задачи кои се пред тебе без оглед на тоа колку ти се одвратни. Сите големи достигнувања се создаваат со работа и чекање. Биди стрпелив. Ако Бог нешто одложува, воопшто незначи дека тоа ќе ти биде скратено. Биди упорен. Издржи. Знај дека оној кој ќе те награди, секогаш е со тебе. Она што го сееш, добро или зло, тоа и ќе го жнееш. Никогаш за она што ти се случува не ја симнувај вината на другите. Она што си, исклучиво е поради сопствениот избор. Научи да живееш во чесна немаштија ако мораш и сврти се кон она што е поважно од пренесувањето на златото до твојот гроб. Никогаш не и оди во пресрет на неволјата. Стравот е пропаст на твојот живот; ако го додаваш товарот на утрешниот ден на оној од денес, нивната тежина ќе ти стане неподнослива. Одбегнувај ги покајниците, наместо тоа заблагодарувај се за твоите порази. Не би ги доживеал ако не требало. Секогаш учи од другите. Оној што се подучува самиот себе, за учител има будала. Биди претпазлив. Не преоптеретувај ја совеста. Води живот така што ќе можеш да бидеш окружен и со најголемите дрдорковци. Одбегнувај го расфрлувањето и претераното самофалење. Ако воочиш во себе било што те исполнува со гордост, погледни повнимателно и ќе видиш, повеќе се отколку доволно причини да бидеш скромен и понизен. Биди мудар. Сфати дека не се сите луѓе создадени да бидат еднакви, бидејќи во природата еднаквоста не постои, но уште се нема родено оној, чија работа не е работена заедно со него. Работи секој ден со ист жар како да ти е прв и, притоа биди нежен кон животите кои притоа ги допираш како во полноќ да се завршат. Сакај го секого, дури и оние кои не те прифаќаат, бидејќи омразата е раскош која не можеш да си ја дозволиш. Биди склон кон оние кои се сиромашни. Знај дека оној кој дава со една рака секогаш зема со двете раце. Нека те краси ведрото расположение. Над се, запомни дека за среќен живот е потребно многу малку. Гледај горе. Пружи ги рацете. Само придржувај се кон Бога и мирно патувај на твојот пат во вечноста со благост, нежност и насмевка. Кога ќе заминеш, сите ќе речат за тебе дека во наследство си оставил подобар свет, подобар отколку што бил оној на кој си дошол.

_________________
Imagination is more important than knowledge.
kojgode
kojgode
Односи со јавноста

Age : 28
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Marej on Пет Јан 16, 2009 3:56 pm

Епа јас ќе сум од тие шо ќе речет шо кењат овај!
Не живејме во 1820 веќе, во денешно време требит појќе од насмевка, прегратка и верба во својот Бог за да преживејш, посебно психички.
Marej
Marej
Модератор
Модератор

Age : 28
Број на мислења : 986
Забавен? : ултра

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Џајко on Пет Јан 16, 2009 4:52 pm

имам многу да кажам ама да напишам немат да е исто...
Џајко
Џајко
addicted to beautiful days

Age : 28
Број на мислења : 950
Хоби(работа) : flying
Забавен? : можеби

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Marej on Пет Јан 16, 2009 5:23 pm

Сум атеист и спиритуалист, не се покорвам на никаков Бог, ама сум љубител и почитувач на чувствата, блискоста, и душевното уживање. Ама сум и реалист, и неможам да се помирам да чекам некоја измислена сила да ми поможит во некоја работа, туку сама ќе се борам за да успеам во истата.

Едит
Сеа испаѓат ко сама да си зборвам, а баш случајно те прочитав Smile
Marej
Marej
Модератор
Модератор

Age : 28
Број на мислења : 986
Забавен? : ултра

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by kojgode on Пет Јан 16, 2009 5:29 pm

Мареј напиша:Сум атеист и спиритуалист, не се покорвам на никаков Бог, ама сум љубител и почитувач на чувствата, блискоста, и душевното уживање. Ама сум и реалист, и неможам да се помирам да чекам некоја измислена сила да ми поможит во некоја работа, туку сама ќе се борам за да успеам во истата.
Епа зависит како го сваќаш Бог. И ако си крената на повисоко душевно ниво можда ќе си помал реалист, или можда обратно требит да си помал реалист за да се крениш појќе духовно. Така да не си некој голем спиритуалист јас мислам. clown За да станиш ваљда требит да вервиш појќе во таја измислената сила или Бог или како било. бла бла бла . Не можам по форуми вакви дискусии ме мрзит да пишам. Иначе ти ја пропорачувам Третиот Исус - Дипак Чопра за да поврзиш будистички-спиритуелното со христијанството, поточно со Исус. Могуче да мениш мислење можда и не.

_________________
Imagination is more important than knowledge.
kojgode
kojgode
Односи со јавноста

Age : 28
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Marej on Пет Јан 16, 2009 5:46 pm

Спиритуалист мислев во однос на мојата душевна хармонија, а не поврзување со некој горен свет преку молитви и слично. (верви, имат такви и во охридов). Требит да излегвам и пробвам да завршам шо побрзо со муабетов, а нејќам, баш ми е интересен. Реализмот и атеизмот не значет нечувствување, неверување. Атеизмот е определен само кон една сфера, неприфаќање на еден Бог кон кој треба да сме понизни, а реализмот, па го имат секој во себе, нормално е во денешно време да си реален, а не сонувач. На секој чоек различно од искуствата, опкружувањето, и паметот различно му се распоредени реалноста и потребата за душевна хармонија. На пример, јас сум поголем реалист од чувствувач, ама не осеќам недостиг од никое душевно исполнение.
Marej
Marej
Модератор
Модератор

Age : 28
Број на мислења : 986
Забавен? : ултра

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Master on Пет Јан 16, 2009 6:28 pm

Ако почнам да аргументирам за текстов, немат да ми се потребни само неколку минути....
Ог Мандино немат појма од животоф......и денешницава
Master
Master
Харатист!
Харатист!

Age : 28
Број на мислења : 957
Хоби(работа) : Вампир
Забавен? : тихххх

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by kojgode on Нед Јан 18, 2009 8:05 pm

Јас мисљам дека имат ептен појма и им поможвит на тие шо немет. Иначе по текстов можда не изглеат така зш најверојатно го имат земено од друго место и е вметнат во негова книга, ама и тој е прилично голем реалист и поможвит во достигвење успех и слични работи. Со потсвест се бавит и слични такви ствари. Иначе најпродавана книга му е Најголемиот трговец на светот - прилично опако книгиште. итн.

_________________
Imagination is more important than knowledge.
kojgode
kojgode
Односи со јавноста

Age : 28
Број на мислења : 1938
Хоби(работа) : денгубец
Забавен? : party

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Lastojca on Нед Јан 18, 2009 8:20 pm

kojgode напиша: Со потсвест се бавит и слични такви ствари. Иначе најпродавана книга му е Најголемиот трговец на светот - прилично опако книгиште. итн.

ај агри..јас го обожуам човекот сакам да го читам ..имат моменти кај шо ја претервит не вељам не ама сепак ми е омилен...и имат доста да речам поучни работи во то шо го кажвит...ако не нишо друго пубо мандино ќе читам него нешо ала даниела стил шо е доста популарно во генерацииве наши....ту бед
Lastojca
Lastojca
Адаптериште

Age : 27
Број на мислења : 847

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by комшивка on Нед Јан 18, 2009 9:55 pm

ми се сфиѓат текстов cheers
комшивка
комшивка
Адаптериште

Age : 28
Број на мислења : 846

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by T&T on Нед Јан 18, 2009 10:18 pm

Имам прочитано неколку книги од Ог Мандино, и не велам дека ме воодушевуваат, ниту дека не ми се свиѓет. Типот е добар, ама сепак не е генијалец. Колку е само убав текстов, ама сето то е лесно да се речит, тешко да се исполнит.
"Над се, запомни дека за среќен живот е потребно многу малку."
Колку само не!
Сето то е убо, ама речиси невозможно. Ниче рекол дека само еден во светот бил верник, и тој бил распнат на крст. E ова е точно според мене.
Знам, многу филозофирам, ама то е моето мислење Wink
T&T
T&T
Шмизла со без наводници
Шмизла со без наводници

Age : 29
Број на мислења : 663
Забавен? : е то би требало други да го кажат, иако сама си се сметам за луда и забавна (и нарцис)

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Master on Чет Јан 22, 2009 12:01 pm

Ог Мандино не е баш реалист според текстов, и баш ме интересират во кој контекст го имат споменато.
Иначе текстов ме потсеќат на некои спиритуалистички мисли во контекст на источните сфаќања за животот.
Којгоде,ако имаш некоја книга од чоеков да ми ја дајш.
Од ко ќе прочитам повеќе ќе дискутирам.


Иначе за сите љубители на Мандино- требат да прочитате нешо од Ниче или Шопенхауер. Па после ќе прајме муабет за реалистика.
Master
Master
Харатист!
Харатист!

Age : 28
Број на мислења : 957
Хоби(работа) : Вампир
Забавен? : тихххх

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by REGINA on Саб Јун 06, 2009 11:41 am

Кога сме веќе кај Ог Мандино, имам прочитано негова книга, и ептен ми се свиѓаше начинот на кој шо е осмислена идејата и сите тие работи Smile преубај реченици можат да се истат од неговиве дела.

Ама овој пишит за луѓе шо можда требит да се лечат од депресија. се држит во рамките на реалноста, ама и то не секогаш, знајт да подзабегат со инспирирањево мааааааалце кон фантазија. мислев спротивно од денешнава реалност.
на скала од 1 до 5 би му дала 4,97 по мое.
REGINA
REGINA
my way... or no way!
my way... or no way!

Age : 28
Број на мислења : 914
Хоби(работа) : Ваѓање луѓе од такт.

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Креденда Empty Re: Креденда

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот